Килијан Мбапе и Реал Мадрид, четврта сезона.
Извори од Мадрид денеска известуваат дека Мбапе останува приоритет на Флорентино Перез во 2024 година.
Наводно, Перез веднаш ќе започне со реализација на овој трансфер кога ќе започне 2024 година, кога Мбапе и официјално ќе влезе во последните шест месеци од договорот.
Од 1 јануари Реал Мадрид има целосно право да преговара со него и Мбапе да потпише преддоговор.
Секако и ПСЖ може да ја прифати понудата во јануари, за да заработи од неговото заминување, но тоа е малку веројатно.
Парижаните ќе мора да се задоволат со тоа што Мбапе ќе се откаже од бонус од 90 милиони евра, кој требаше да биде исплатен во септември кога влезе во последната година од договорот.
Практично, ПСЖ нема да заработи ништо од неговиот трансфер, освен што ќе ги заштеди споменатите 90 милиони евра кои според договорот му припаднаа на Мбапе.
Французинот долго време не се огласуваше, од летово кога објави дека нема да го продолжи договорот до 2025 година.
Оттогаш нема информации дека ПСЖ и Мбапе преговараат, освен дека имаат џентлменски договор за напад на Лигата на шампионите оваа сезона, без разлика што ќе се случи на лето.
Сето тоа Перез ќе го искористи без двоумење, бидејќи најважно за Реал е што се уште има можност да не плати ниту цент за Мбапе, кој патем ќе може да добие и да побара огромен план.
Се на се, новата сезона од сапуницата „Мбапе и Реал Мадрид“ започнува во јануари…
