ФУДБАЛ

Нова понуда од англиски тим за Енис Барди

Ако може да се верува на пишувањата на шпанските, но и англиските медиуми, Леванте тешко дека ќе успее да го задржи Енис Барди и следната сезона во своите редови. Особено, ако се знае дека има интерес за неговите услуги од неколку клубови, па веројатно шпанскиот тим сака да заработи добро на македонскиот репрезентативец.

Новата понуда стигна од Фулам, која изнесува 11 милиони фунти. Сепак, ова е сума помала од онаа која Леванте ја сака за Барди, а која изнесува 25 милиони евра.

Претходно се шпекулираше дека Арсенал е заинтересиран, но и Фиорентина. Според „трансфермаркт“ цената на Барди во моментов е околу 20 милиони евра.

 

ПОВРЗАНО

Енис Барди