Манчестер Јунајтед загуби на премиерниот меч од новата сезона во Премиер лигата на домашен терен од Брајтон со 2:1. Ова е сигурно лош старт за новиот тренер Тен Хаг, во кого се положува голема надеж.
Уште по првиот дел со двата гола на Грос гостинската екипа стигна до предност од 2:0 која потоа беше тешко да се стигне, барем не со таква игра каква што денеска ја прикажа Јунајтед.
Роналдо беше на клупата, во игра влезе во вториот дел, но и тој не помогна премногу. Резултатот беше ублажен со автоголот на МекАлистер.