ФУДБАЛ

Нова шлаканица за Левандовски овој пат дојде директно од УЕФА

Традиционално, УЕФА овој месец ќе ја додели наградата за играч на годината.

Дефинитивно, таа награда нема да ја добие полскиот напаѓач Роберт Левандовски, со оглед на тоа што играчот на Барселона го нема меѓу тројцата номинирани.

Имено, УЕФА објави тројца кандидати за оваа награда и тоа дуото на Реал Бензема-Куртоа и уште еден Белгиец, играчот од средниот ред на Сити, Кевин де Бруин.

Веднаш зад нив, на четвртото место се најде Роберт Левандовски, кој летово од Баерн се пресели во Барселона.

Францускиот напаѓач Карим Бензема е прогласен за играч на сезоната 2021/22 во Лигата на шампионите. откако го предводеше Реал Мадрид до рекордниот 14-ти трофеј, а Бензема се чини дека е фаворит за освојување и на оваа награда и на Златната топка.

Наградата за фудбалер на годината на УЕФА се доделува од сезоната 2010/2011. Досега најмногу пати трофејот го има освоено Кристијано Роналдо. Роберт Левандовски ја освои оваа награда по сезоната 2019/2020, пред Кевин Де Брујн и Мануел Нојер.

За споредба, тој минатата година го победи Жоргињо, пред Кевин Де Брујн и Н’Голо Канте.

Покрај објавувањето на списокот со номинирани фудбалери, УЕФА објави и кој ќе се бори за наградата најдобар тренер во сезоната 2021/2022. Тоа се очекувано Карло Анчелоти, Пеп Гвардиола и Јирген Клоп.

Анчелоти со Реал Мадрид ги освои Лигата на шампионите, шпанската лига и Суперкупот, додека Гвардиола го освои англискиот шампионат и се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите. Под водство на Јирген Клоп, Ливерпул го освои ФА Купот и Купот Карабао, стана вицешампион во Англија и стигна до финалето на Лигата на шампионите.