ФУДБАЛ

НОВА ТРАГЕДИЈА ВО ФУДБАЛСКИОТ СВЕТ – Во авионска несреќа загинаа четворица играчи и претседателот на еден бразилски клуб!

Четворица играчи и претседателот на Палмас загинаа денес во авионска несреќа, а покрај нив загина и пилот.

Според бразилските медиуми, загинале играчите Лукас Пракседес (23), Гилхерме Ное (28), Рануле (27) и Маркус Молинари (23), како и претседателот Лукас Меира (32) и пилот идентификуван само како командант Вагнер.

Авионот се сруши веднаш по полетувањето од пистата во Лузимањус, на 60 километри од Палмас, и по падот веднаш се запали.

За жал, никој не преживеа и ова е уште една голема трагедија.

Сите сè уште се сеќаваат на несреќата од крајот на 2016 година кога речиси целиот тим на Чапекоенсе загина во авионска несреќа во Колумбија.