ФУДБАЛ

Нова жртва во Барселона: По Артур, друг играч доби порака дека може да ги спакува торбите

Раководството на Барселона се обидува со сите сили да се ослободи од одредени фудбалери.

Каталонскиот тим неодамна буквално го принуди Артур Мело да прифати размена во Јувентус за Миралем Пјаниќ, а откако сфати дека повеќе нема да игра, реши да го саботира тренигот.

По Артур, уште еден фудбалер дојде на ред. Ова е Самуел Умтити, на кого дирекно и индиректно му беше кажано од раководството на клубот да бара друг клуб и дека нема да игра.

Французинот доби јасна порака дека ќе се откаже од ротацијата за следната сезона и дека младиот Роналд Араухо наместо него ќе добие место во тимот.

 

Сепак, Умтити сè уште се спротивставува. Тој има договор и не сака да оди, иако има голем интерес за него низ цела Европа. Тешко е да се верува дека на крајот Французинот ќе може да се спаси. Артур Мело проба сè, не успеа, па нема да биде ни чудо ако Умитити го напушти клубот.

Умтити е член на Барселона од 2016 година и има одиграно 116 натпревари за клубот.