Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи на првиот Грен слем турнир во сезоната на Австралија Опен.
По бројните шпекулации поврзани со вакцинацијата и забраната за учество на невакцинирани играчи, челниците на Австралија опен му дозволија на Ѓоковиќ да учествува на турнирот.
Ѓоковиќ го доби лекарското ослободување кое го побара и ќе настапи на првиот Грен слем сезонава.
„Одморив од многу долга и успешна сезона 2021 година. Уживав со семејството и драги луѓе. Сега одам во Австралија бидејќи добив ослободување и подготвен сум да живеам и дишам тенис во наредните недели. Ви благодарам на сите за вашеата поддршка“, рече Ѓоковиќ.
View this post on Instagram
„Среќна Нова Година на сите! Ви посакувам многу здравје, љубов, радост и среќа. Да гледате, дишете и мислите љубов и да негувате почит кон секој човек и живо суштество на оваа прекрасна планета“.
Отвореното првенство на Австралија започнува на 17 јануари.