ТАЈМАУТ

Новак Ѓоковиќ заплови во Дубровник, името на неговата јахта ги привлече сите погледи

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ од Црна Гора замина во Хрватска каде привлече големо внимание, а уживаше во својата јахта на која и даде многу важно име во животот.

Како што можете да видите на сликите, јахтата се вика Тара, што е и името на неговата ќерка .

Новак вплови во пристаништето Груж.

Во тој дел на хрватскиот град има голем број многу скапи јахти, така што и Новак Ѓоковиќ бил дел од таа прекрасна галаксија на пловни објекти.

Веднаш по Вимблдон истакна дека нема да се појави на Мастерсот во Канада , туку дека ќе се подготвува за претстојниот УС Опен во Синсинати, пренесуваат српските медиуми.