ФУДБАЛ

Новак не го менува системот, без тренинг!

Новак Ѓоковиќ најверојатно нема да тренира ниту утре.

Практично без посериозен тренинг за време на Австралија опен, Новак стигна до полуфиналето на Грен слем турнирите, а ќе видиме дали ќе стигне до финалето во петок наутро кога ќе игра против Томи Пол, кому ова му е прво полуфинале.

„Најверојатно нема да има тренинг, но ќе видиме повторно од чувството наутро кога ќе се разбудам. Да видам како ќе се чувствува ногата, тогаш ќе видам во договор со Горан Иванишевиќ. Веројатно програмата нема да се промени“, рече Новак.

Планот на Ѓоковиќ е да оди на терапија со својот физиотерапевт Миљан Амановиќ за да се чувствува што подобро за полуфиналниот меч.

Слично работеше и на претходните дуели, а практично единствениот проблем што го имаше беше мечот од второто коло. Оттогаш се оди добро…