Илија Несторовски не настапи за македонската фудбалска репрезентација во дуелот со Норвешка за да му помогне на Палермо на тешкото гостување во Кремона каде гостите славеа со 2-1 против домашниот Кремонезе. Нашиот интернационалец не успеа овојпат да се запише во листата на стрелците а тренерот на Палермо се одлучи да го повлече од игра во судиското надополнување за да се потроши времето. Рисполи и Бугаринот Чочев беа стрелците на головите. Со оваа победа тимот на Несторовски се искачи на врвот на табелата во Серија Б и ја продолжува битката за кам-бек во елитата.
Ова е прва победа на Палермо сезонава во која Несторовски не постигнал гол, а прекината е и серијата од три натпревари по ред на кои Македонецот се запиша во листата на стрелци.
Табела: Палермо 25, Фросиноне 24, Венеција 24, Парма 23, Кремонезе 21