ФУДБАЛ

Новата сезона на Ла Лига започнува на 12 септември

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, ги одреди датумите за крајот на оваа сезона и почетокот на следната сезона во Шпанија.

По паузата поради пандемијата на коронавирус, Шпанците ќе се вратат во јуни, а натпреварите од Ла Лига и Ла Лига 2 ќе започнат на 11 јуни. Навивачите не можат да влезат на трибините, но на клубовите ќе им остане можност да ја подобрат атмосферата на стадионот.

Патем, Тебас откри дека новата сезона на Ла Лига ќе започне на 12 септември.

Барселона е лидер во Шпанија со 58 бода, додека Реал Мадрид има 56. По враќањето на првенството, Реал го пречекува Еибар, додека Барселона ќе гостува кај Мајорка во 28-то коло.

ПОВРЗАНО

Ла Лига