Ентони Еланга неодамна дебитираше за првиот тим на Манчестер Јунајтед, против Вулверхемптон.
19-годишниот фудбалер пристигна на Академијата на Манчестер пред неколку години, а оваа сезона Ралф Рангник го префрли во првиот тим на Јунајтед. Тој веќе собра девет настапи во Премиер лигата и постигна два гола.
Овој талентиран фудбалер настапуваше за помладите репрезентации на Шведска, а за У21 селекцијата на таа земја на осум натпревари постигна седум гола.
Еланга е роден во Шведска, а на 12 години се преселил во Англија, што му овозможува да игра за двете земји. Но, на неговиот настап најмногу работат Камерунците.
Неговиот так Џозеф играше за Камерун на Светското првенство во 1998 година и сака неговиот син да ги следи неговите стапки, а наводно тие веќе разговарале со претставниците на играчот од Камерунската фудбалска федерација.
Мајката и агентот на Еланга не се целосно за тој да го носи дресот на Камерун, па напаѓачот ќе треба сам да одлучи за кого ќе игра во иднина.
Стефан Петерсон, менаџерот на шведската репрезентација, вели дека не се грижи дека Еланга ќе игра за друга репрезентација и верува дека ќе остане верен на Шведска.