ФУДБАЛ

Новчаникот на сопственикот на ПСЖ е дупка без дно

Државата Катар не штеди средства за да создаде моќен тим од француски ПСЖ.

Парижаните во претходните години немилосрдно трошеа на трансфери. Го доведоа Нејмар за 222 милиони евра, Килијан Мбапе за 180, а потоа го направија ова момче најплатен фудбалер во историјата и наводно за него издвојуваа 100 милиони евра годишно.

Засега апсолутно се му оди добро на ПСЖ во УЕФА, а парижаните немаат намера да застанат со засилувања. Во Лил најдоа нешто ново, а дресот на ПСЖ би можел да го облече португалскиот фудбалер Ренато Санчес.

Новиот спортски директор на ПСЖ, Луис Окампос, го гледа 24-годишниот играч од средниот ред како идеален за неговиот тим и му понуди на Лил 10 милиони евра за неговите услуги.

Договорот на Санчез со Лил е со важност до следното лето. Клубот наводно е подготвен да слуша понуди за него и Португалецот лесно би можел да го облече дресот на ПСЖ.

Овој фудбалер претходно се поврзуваше со Милан, Јувентус, Манчестер Сити, но трансфер немаше. Сепак, ова лето конечно може да донесе нов потпис за момчето кое своевремено важеше за најголема надеж на португалскиот фудбал.

Санчес дебитираше за Бенфика како тинејџер. По само една професионална сезона, следеше трансфер во Баерн, каде, сепак, овој фудбалер не се снајде најдобро.

Тој играше малку, не се вклопи, отиде на позајмица во Свонси, а потоа во 2019 година Баерн го продаде во Лил каде што се разбуди и повторно стана многу баран фудбалер на пазарот.

Спортскиот директор на ПСЖ, Луис Окампос, тргна на работа. Тој има навистина големи средства на располагање, а како ќе изгледа тимот на ПСЖ следната сезона ќе видиме.