Искусниот англиски напаѓач Вејн Руни реши да се врати во Англија на почетокот од оваа година по авантурата во американскиот МЛС.
Руни го напушти ДК Јунајтед и на изненадување на многумина потпиша за Дерби каде до паузата одигра 15 натпревари и успеа да постигне четири гола.
Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед деновиве се најде во центарот на вниманието, но не заради фудбалот, туку заради неговиот изглед.
Познато е дека Руни двапати трансплантирал косата бидејќи ја изгубил косата пред десетина години. Но, Руни повторно има проблеми и изгледа дека би можел да има операција по трет пат.
На денешниот тренинг на Дерби, Руни беше во центарот на вниманието на фоторепортерите токму поради неговата коса.

