ФУДБАЛ

Нови информации за повредата на Мбапе

ПСЖ синоќа против Сент Етјен стигна до трофејот во Францускиот куп, но остана без Калјан Мбапе – сега единственото прашање е: Колку долго?

Мбапе бешефаулиран од капитенот на Сент Етиенеа, Лоик Перин. Младиот Французин го напушти теренот во солзи, а подоцна беше виден на патерици.

Во Париз се крајно загрижени за повредата на Мбапе бидејќи се приближува продолжението на ЛШ. ПСЖ, патем, ќе го игра четвртфиналето со Аталанта на 12 август.

Сè уште нема официјална дијагностика, но РМЦ Спорт денес пишува дека Мбапе е прегледан утрово и дека е констатирано дека станува збор за потешка повреда на глуждот на десната нога, но дека нема оштетување на лигаментите.

Според РМЦ Спорт, клубот ќе се погрижи за шансите Мбапе да биде подготвен за Аталанта, иако засега нема конкретни информации колку долго би можело да трае неговото закрепнување.