Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Антони се соочува со нови обвинувања за насилство.
Полицијата веќе покрена истрага откако Антони беше пријавен за насилство од неговата поранешна девојка Габријела Кавалин. А сега се огласи друга жена и го обвини Антони за нападот.
Индрид Лана, 33-годишен банкарски работник, во кратко видео емитувано на бразилската ТВ станица Рекорд рече дека Антони „ја турнал и ја притиснал до ѕид“ во неговиот дом во Манчестер во октомври 2022 година.
Целосното интервју што таа го даде за бразилската телевизија ќе биде објавено во текот на викендот.
Полицијата на Манчестер објави дека покренала истрага и ги сфатила наводите многу сериозно кога веста се појави во понеделникот. Во меѓувреме, Антони е отстранет од репрезентацијата на Бразил.
Манчестер Јунајтед не се огласи во оваа прилика.
