Англиската Премиер лига ќе продолжи на 17 јуни.
Планот за враќање на фудбалот на Исток успеа, и сега сите со нетрпение чекаат топката да започне повторно да се тркала на терените во Премиер лигата.
Pротоколот за натпреварите, како што се очекуваше e многу строг и се сугерираат неколку интересни работи што клубовите ќе треба да ги почитуваат.
Така, клубовите ќе можат да регистрираат 20 фудбалери за натпреварот (17 од нив ќе бидат во тимот и тројца се на чекање). Исто така, ќе биде дозволено присуство на 12 члена на медицинскиот и тренерскиот персонал, и 10 клупски претставници.
Вкупно 300 луѓе ќе можат да присуствуваат на натпреварите во Премиер лигата. Секој ќе биде на социјална дистанца, а интересно е што судиите во просториите ВАР ќе бидат раздвоени на неколку локации.
Организаторите на преносот ќе можат да имаат 98 вработени на стадионот и 75 члена надвор од стадионот, а ќе бидат дозволени максимум 25 новинари од печатените медиуми и 15 за радио преноси.
Премиерлигата ќе добие 23 свои места во новинарскиот и коментаторскиот дел од работата, додека меѓународните коментатори ќе добијат 15 места.
Исто така, претставниците на контролата на допинг ќе можат да ги имаат своите четворица членови, а другите места ќе бидат распределени по потреба.