ФУДБАЛ

Нови проблеми во Шпанија: Фудбалерите на Елче одбија да тренираат

Фудбалерите на шпанскиот Елче одбиле да тренираат во среда.

Причината е доста јасна, а се однесува на намалувањето на платите.

Тие бараат да им се вратат парите сега кога започнале да ги исполнуваат своите обврски, но се чини дека нема да има ништо од тоа. Тие се согласија на намалувањето кога не тренираа, а сега очекуваат наплата од клубот.

Приходот во Елче е намален на 70 проценти, а тоа е тим кој беше меѓу првите во Шпанија што планираше да започне со тренинзи.

Директорот на клубот, Патрисио Родригез, изјави за шпанската локална радио мрежа „Копе“ дека е изненаден од одлуката на играчите бидејќи клубот веќе имал понуда да ги прилагоди платите.

Во Елче фудбалерите вчера го правеа тренингот во своите домови, а одлуката на челниците на клубот им ја соопшти тренерот Жозе Рохо.

Шампионатот во втората лига на Шпанија треба да продолжи на 12 јуни, а фудбалерите сега работат во групи.