ФУДБАЛ

Нови проблеми за Баерн неколку часа пред мечот со Тигрес

Џером Боатенг не е единствениот што му направи проблеми на Баерн во Катар. Утрово пристигна уште една загрижувачка вест.

Ханси Флик го загуби Томас Мулер неколку часа пред полуфиналниот натпревар на Светското првенство.

Имено, Мулер е позитивен на коронавирус, утрово ги покажа резултатите од тестовите извршени по вчерашниот тренинг.

Од истата причина, Флик нема да може да смета на уште двајца важни играчи, Мартинез и Горецка.

За потсетување, Боатенг ја напушти базата на Баерн и се врати во Германија откако неговата поранешна девојка Каси Ленхард изврши самоубиство.

Вечерашниот натпревар започнува во 19:00 часот по средноевропско време. Ал Ахли и Палмеирас ќе го играат својот дуел порано.