Крилниот напаѓач на Рома Диего Пероти претрпи нова повреда, па денеска мораше да го напушти тренингот.
Аргентинецот оваа сезона запиша само два настапи за Рома, поради константните проблеми со повредите, а сега се случи и нова повреда на листот.
Како што пренесува „Gazzetta dello Sport“, тој мораше да го напушти тренингот поради проблеми со листот и да направи деtални прегледи.
Инаку, 30-годишниот Аргентинец го пропушти почетокот на сезоната поради истегнување на скочниот зглоб, а пота следуваа и проблемите со бутниот мускул.