ФУДБАЛ

Нови проблеми за Гвардиола: Не може да смета на Компани

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола оваа сезона, се соочува со голем број на повреди на неговите играчи.

Тамам од повреда се опоравија Кевин Де Брујн и Серхио Агуеро, а сега се повреди Компани.

Каталонскиот тренер минатата ноќ по полуфиналето од ЕФЛ Купот рече дека Компани повторно се повредени и дека сигурно некое време ќе биде надвор од теренот. Колку време ќе биде отсутен, ќе биде познато кога ќе се направат детални лекарски прегледи.

Покрај белгискиот фудбалер, неговите соиграчи Данило, Давид Силва, Клаудио Браво, Менди и Мангала беа повредени.

Пред „Граѓаните“ е многу важен период, во кој тие ќе имаат натпревар на секои два или три дена, така што на Гвардиола ќе му треба голема ротација во клубот.