Давид Де Хеа, го повреди мускулот на левата нога во квалификацискиот натпревар за ЕУРО 2020 одигран синоќа помеѓу Шведска и Шпанија (1:1)
Чуварот на мрежата на Манчестер јунајтед се повреди при судирот со напаѓачот на Краснодар, Маркус Берг и беше заменет во 60-тата минута со Кепа Аризабалага.
Според „А Бола“, Шпанецот може да го пропушти следниот натпревар од шампионатот на Англија со Ливерпул, кој ќе се одигра на 20 октомври.