ФУДБАЛ

Нови проблеми за Јувентус, повредени двајца играчи на натпреварот против Сасуоло

Вестон Мекени и Пауло Дибала беа повредени и принудени да го напуштат теренот за време на победата на Јувентус над Сасуоло со 3:1.

Американскиот играч од средниот ред Мекени претрпе повреда на мускулот, додека аргентинскиот напаѓач Дибала претрпе истегнување на коленото во текот на првото полувреме против Сасуоло во неделата.

Двајцата играчи беа принудени да го напуштат теренот пред крајот на првото полувреме на стадионот „Алијанц“.

Мекени беше заменет со Арон Ремзи по само 19 минути игра, додека Дибала го напушти теренот во 42-та минута и беше заменет со Дејан Кулушевски.

Американскиот играч за врска се повреди додека се обидуваше за дриблинг.

Двајцата играчи ќе бидат подложени на медицински тестови.

Јувентус ќе се соочи со oaенова во среда во Купот на Италија, а потоа со Интер во недела.