ФУДБАЛ

Нови проблеми за Тотенхем, откажан и натпреварот од Премиер лигата

Големи проблеми го мачат Тотенхем.

Поради коронавирусот во тој клуб, натпреварот Тотенхем – Рен беше откажан, а сега е откажан уште еден натпревар на англискиот клуб.

Станува збор за првенствен натпревар против Брајтон кој требаше да се одигра во недела.

„Можеме да потврдиме дека премиерлигашкиот натпревар со Брајтон, кој требаше да се одигра во недела од 14 часот, е откажан“, се вели во пораката на Спарс.

Голем број играчи и тренери во стручниот штаб на Тотенхем се надвор од терените поради пандемијата на коронавирус, па ваквата одлука е очекувана.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига