ФУДБАЛ

Нови проблеми за Зидан пред вечерашниот натпревар

Реал Мадрид вечерва гостува кај Хетафе во мало градско дерби, а Зинедин Зидан сè уште добива лоши вести.

Реал е ослабен на ова гостување, а дополнителен проблем за Зидан е Федерико Валверде. Уругваецот мора да оди во изолација откако беше во контакт со лице заразено со коронавирус.

Валверде под инјекции играше против Ливерпул на „Енфилд“, а сега го пропушта дуелот со Хетафе поради изолација, иако е многу неопходен за Зидан на ваков важен натпревар.

Исто така, прашање е дали Валверде ќе може да го одигра првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите против Челзи. Според Марка, на местото на Валверде, Зидан ќе го стави во игра од првата минута жилавиот Тони Крос.

Серхио Рамос, Рафаел Варан, Дани Карвахал, Менди и Васкез се отпишани за овој дуел.

Реал го пречекува овој натпревар како второпласиран тим со бод помалку од водечкиот Атлетико и мора да оствари победа доколку сака да остане во игра за титулата.