Реал Мадрид и Карло Анчелоти наводно се во „заладени“ односи.
Мадридските медиуми денеска повторно пишуваат дека Италијанецот не е задоволен, но сега ниту клубот не е задоволен од Анчелоти.
Очигледно на Флорентино Перез не му паднало добро што во медиумите и јавноста протече договорот меѓу Анчелоти и бразилската репрезентација од 2024 година.
Во Реал веруваат дека ова немаше да протече доколку Анчелоти не дадеше збор дека ќе ги преземе Бразилците, по истекот на договорот со Мадрид.
Од друга страна, Анчелоти уште еднаш го изрази своето незадоволство од насоката во која се движи овој преоден рок, бидејќи Перез уште еднаш реши да игра „покер“ со Килијан Мбапе и Пари Сен Жермен и се останато зависи од тој трансфер.
Реал е најактивен од почетокот на овој преоден рок, бидејќи веќе официјализираше четири засилувања и тоа – Џуд Белингем, Хоселу, Брахим Дијаз и Фран Гарсија, а Перез најави дека повеќе нема да купува, на што никој не веруваше.
На Анчелоти не му се допаѓа што целиот план е подреден на Мбапе и што поради тоа Реал се откажа од Хари Кејн, кој беше прескап за Флорентино Перез уште пред сагата околу Французинот.
Анчелоти не сака Хоселу, а можеби и Родриго да му бидат единствени напаѓачи, но засега Перез нема намера да ги менува своите идеи.
Токму затоа во Мадрид веруваат дека протекоа информации за Анчелоти и Бразил, а останува да се види како ќе се развива ситуацијата во „кралскиот“ клуб…
