Еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, Кевин Дурант, изрази интересно мислење за тоа зошто многу играчи не сакаат да му се приклучат на Леброн Џејмс, кој моментно е дел од Лос Анџелес Лејкерс. Во летниот период, најголемата кошаркарска ѕвезда во светот потпиша четиригодишен договор со вториот најтрофеен тим на НБА.
- Постои бучава околу Леброн, што доаѓа од другите. Има толку многу опсесивни навивачи меѓу вас новинарите. Некои од нив отворено му се умилкуваат. А ние играме кошарка и понекогаш тоа воопшто не е на агендата. И тогаш сфаќам зошто некои луѓе не би сакале да бидат во таква отровна медиумска средина. Особено кога вниманието е врз работи кои не се поврзани со играта. Не ме сфаќајте погрешно, Леброн не е виновен. Но, некои од вас се фаќаат за секој збор и го претвораат во нешто. Едноставно, оставете не да играме кошарка, изјави популарниот Кеј Ди.