Манчестер Јунајтед го совлада Саутемптон со 1:0 во четвртото коло од Премиер лигата.
Во средината на вториот дел на теренот беше внесен Кристијано Роналдо (37), кој се истакна со гест кој предизвика многу критики.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Бруно Фернандеш во 55. минута, а неколку минути подоцна на теренот наместо Санчо влезе Кристијано Роналдо. Португалецот не успеа да се запише во листата на стрелци.
Но, повторно се најде во центарот на вниманието бидејќи го повтори „случајот Карагер“. Кога ја игнорираше легендата на Ливерпул, доби многу критики, а негова нова жртва е новинарката Линси Хипгрејв.
Роналдо срдечно ги поздрави Рио Фердинанд, Пол Сколс и Питер Крауч за време на загревањето, но не го ни погледна интервјуерот пред натпреварот.
„Што го чинеше да и подаде рака?“, „Не мораше баш да ја гушне, доволно беше да се поздрави“ и „Дрскост“ се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Од своја страна, Линзи Хипгрејв ја објави следнава порака: „Овој пат јас бев таа што беше игнорирана и не е многу пријатно“.
Cristiano Ronaldo avec Rio Ferdinand & Scholes 🥰pic.twitter.com/u8bxpzzzHC
— Gio CR7 (@ArobaseGiovanny) August 27, 2022
На Роналдо не му е лесно поради се што се случи летово, бидејќи многу сакаше да го напушти Манчестер, но на крајот остана. Иако, останува уште малку до крајот на летниот преоден рок и не е исклучено работите дополнително да се менуваат.
Сепак, многумина се на мислење дека Роналдо треба да се „спушти на земја“ и да покаже малку повеќе почит кон другите луѓе…
Инаку, неговиот клуб имаше очаен почеток на сезоната, имаше два последователни порази, а потоа триумфираше во следните два меча и целосно ја подобри формата, а во меѓувреме доби и значајни засилувања како што се играчот за врска Касемиро од Реал Мадрид и крилниот напаѓач Антони од Ајакс.