ФУДБАЛ

Новинарот тотално го извади Мурињо од такт со неговото чудно прашање: „Знам дека сакаш кучиња…“ (ВИДЕО)

Тотенхем пред неколку дена објави дека добиле нов спонзор, и дека станува збор за компанија Дулукс која произведува и продава бои за сликање и слично.

Лондонскиот клуб се најде на мета на потсмев од навивачите на социјалните мрежи откако го објавија овој спонзорски договор, бидејќи многумина рекоа дека прво треба да ја обојат празната кабина за трофеи, која се наоѓа на стадионот на овој клуб.

Но, тоа не застана тука затоа што видовме неверојатна конфузија на прес-конференцијата на Жозе Мурињо. Еден од новинарите го праша Мурињо што мисли за новиот спонзор, но на многу интересен начин.

Прво рече дека знае дека Мурињо многу сака кучиња, а потоа го праша што мисли за новиот спонзор на Тотенхем, компанијата Дулукс, на чие лого има куче.

Сепак, на Мурињо воопшто не му беше јасно зошто му постави такво прашање, а неговото лице покажа дека нема поим за што зборува овој новинар.

Португалецот се сврте кон човекот кој ја водеше прес-конференцијата, а тој само му рече дека сè е во ред и дека нема потреба воопшто да се дава одговор. Сепак, не требаше долго за збунетиот израз на лицето на Мурињо да стане хит на социјалните мрежи.