ФУДБАЛ

Новиот директор на Рома заразен со коронавирус

Новиот директор на Рома, Тијаго Пинто е позитивен на коронавирус, потврди неговиот клуб Бенфика.

Португалецот треба да дојде во Рим од 1 јануари следната година затоа што е назначен за нов директор на Рома, а моментално е во Португалија.

Сега е можно неговото пристигнување во Рим да биде одложено на почетокот на годината, бидејќи тој е заразен со коронавирус.

Тој го напушти таборот на Бенфика и се врати во својот дом за да го направи периодот на изолација, додека Бенфика се подготвува за натпреварот од Суперкупот на Португалија.