ФУДБАЛ

Новиот дрес на Јувентус никогаш не ги возбудил толку фановите

Јувентус денеска го претстави вториот комплет дресови кои ќе ги користи во следната сезона.

 

Старата дама неодамна ја претстави првата гарнитура на дресови кои ќе се користат на поголем дел од натпреварите во следната сезона, а сега на ред е гостинската дрес.

 

Јувентус на официјалниот сајт го претстави дресот за гостувањата, а одличен дизајн подготви Адидас.

Навивачите на италијанскиот клуб се воодушевени од тоа како изгледаат овие дресови, а Адидас заврши одлична работа.

Во дресот доминира црната боја, но дизајнот навистина ги остави фановите без зборови. Исто така, Пол Погба и Анхел Ди Марија, кои неодамна пристигнаа во Јувентус, позираа во нови дресови, а оваа боја одлично им стои.