Пред два дена, Милан официјално го претстави дресот за новата сезона, со што ја воодушеви јавноста.
Пума дизајнираше фантастичен дрес за росонерите во кој ќе играат поголем дел од натпреварите следната сезона. Изгледот на дресот ги воодушеви фановите, а тоа најдобро се гледа кога станува збор за продажба на нив.
Иако овие дресови беа објавени пред само два дена, веќе е јасно дека ќе ги срушат сите рекорди во однос на заработката, што е најдобар показател за тоа колку Пума погоди со дизајнот.
Имено, „Калчомеркато“ денес објави дека продажбата на дресовите на Милан се зголемила за неверојатни 1700% во однос на истиот период лани.
Секако, за тоа придонесоа и добрите резултати на Милан оваа сезона, а навивачите конечно веруваат дека „росонерите“ можат да се вратат во самиот врв на италијанскиот, но и европскиот фудбал.