Италијанската Серија А објави дека е променет форматот на Суперкупот – наместо два, четири екипи ќе се борат за трофејот во 2024 година.
Овој формат се користи во Шпанија од 2020 година.
Четирите екипи кои ќе учествуваат се првите две во Серија А и финалистите во Купот на Италија.
Досега во Суперкупот е одигран еден натпревар, меѓу шампионот на Италија и победникот на Купот.
Сепак, овој формат со четири екипи ќе важи само за следното издание на Суперкупот.
Што се однесува до форматот за наредните години, тоа ќе биде решено во друго време“, соопшти Серија А.
Четири од следните шест изданија на натпреварувањето, вклучувајќи ги и оние во 2024 и 2025 година, ќе се играат во Саудиска Арабија.
Актуелен освојувач на италијанскиот Суперкуп е Интер, кој на 18 јануари годинава го победи Милан во Ријад со резултат 3:0.
