Лука Модриќ и Тони Крос ќе потпишат нови договори до следното лето, но сезоната 2023/24 ќе им биде последна во Мадрид.
Одамна е познато дека Џуд Белингем е првата замена, Англичанецот многу лесно би можел да пристигне летово од Борусија Дортмунд, остануваат уште некои детали.
Втората бомба е – Џошуа Кимих! Сигурни извори тврдат дека Реал ќе тргне по Германецот следното лето, кога Модриќ и Крос ќе се пензионираат и дека клубот го гледа како идеален партнер покрај Белингем, заедно со Камавинга, Валверде и Чуамени.
Кимих има договор до 2025 година, а доколку не го продолжи, на лето пред да истече, Реал би можел да го доведе како совршена замена за Крос. Тогаш ќе има 29 години, сепак ќе биде на врвот на кариерата и реално е дека има уште четири или пет сезони во своите нозе.
Идеите на Реал не завршуваат тука. Веќе е познато дека Реал летово ќе донесе нова „деветка“. Останува и Карим Бензема, но евидентно е дека не може да ги одигра сите натпревари и практично е единствениот вистински напаѓач. Алтернатива за него не можеше да биде Лука Јовиќ, а по неговото заминување Карло Анчелоти не внесе ниту еден напаѓач.
Тој веќе му кажа на Перез дека во новата сезона и играта на сите фронтови бара уште еден напаѓач, но се уште не се знае кој би можел да биде тој. Се споменуваше Рандал Коло-Муани. Не е евтин, Франкфурт бара 80-100 милиони евра, а го следат Манчестер Јунајтед и ПСЖ.
Ако се земат предвид бројките, односно пазарните вредности, кога се ќе се собере, Флорентино Перез за овие негови најголеми желби би требало да плати околу 300 милиони евра.
Килијан Мбапе се уште спорадично се споменува, од синоќа повторно, но посигурни извори веднаш реагираа и негираа дека Реал го посакува. Перез е импресиониран од Винисиус и чувствува дека Мбапе не може да игра на позицијата лево крило, што му е преферирана позиција.
Можеби работите ќе се сменат до летото 2024 година, кога Бензема ќе размислува за пензија, засега Мбапе е сè уште фантазија и новинарски лепак за сензационални стории.
Сепак, зарем Реал не би бил премоќен ако дојдоа „само“ Белингем, Кимих и Муани?! Модриќ, Крос и Бензема би можеле да се пензионираат со мирен дух…
