ФУДБАЛ

„Новиот Јувентус“ изгледа многу необично

Торинскиот гигант Јувентус оваа сезона ќе се обиде да се врати на врвот на италијанскиот фудбал.

Во претходните две години тимот од Торино не беше ни блиску до доминантните години што му претходеа, па „бјанконерите“ погледнаа во грбот на Интер, а потоа и на Милан.

Јувентус изгледаше лошо во претходните две сезони. Не помогна премногу ниту враќањето на Масимилијано Алегри на клупата, а навивачите бараа одредени промени во тимот.

Тоа е она што тие го добија. Јувентус направи неколку промени. Клубот го напуштија Пауло Дибала, Џорџо Киелини, Матијс де Лигт и многу други фудбалери, а намерно беа донесени засилувања.

„Новиот Јувентус“ ќе изгледа доста интересно. Почетокот на сезоната, сепак, ќе помине без големото засилување на Пол Погба, кој се опоравува од повреда, но останатите засилувања би можеле да ги добијат првите минути во 1. коло од Серија А против Сасуоло.

Алегри веќе има план како неговиот тим да изгледа на првиот натпревар од сезоната. Формацијата е 3-5-1-1, а составот изгледа вака:

Перин, Данило, Бонучи, Бремер, Куадрадо, Костиќ, Закарија, Локатели, Мирети, Ди Марија и Влаховиќ.

Прилично кратката клупа може да биде проблем за Јувентус. Таму нема играч кој би можел да и донесе нешто ново на Старата дама, па можеби овој состав треба да се земе со резерва.

Прашање е дали од првата минута ќе му се верува на новодојдениот Филип Костиќ бидејќи се уште не е интегриран и многу е можно на крајот да остане на клупата. Сигурно е дека едвај го чекаме враќањето на Федерико Киеза, кој е исклучително важен играч за Старата дама и веројатно главна ѕвезда на тимот.

Колку може Јувентус со овој состав во новата сезона ќе знаеме многу брзо, а прв предизвик за тимот на Макс Алегро е непријатниот Сасуоло.

ПОВРЗАНО

Серија А