ФУДБАЛ

Новиот клуб е големо изненадување: Манџукиќ денес потпишува?

Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ денеска треба да потпише нов договор. Имено, Манџукиќ поверојатно ќе ја продолжи кариерата во катарскиот Ал Духаил.

Според неофицијалните информации, Манџукиќ денеска ќе ја официјализира соработката и ќе потпише договор на две и пол или година и пол.

Општо е познато дека искусниот напаѓач не е во плановите на Маурицио Сари и дека ќе го напушти Јувентус во текот на зимата, а во последните неколку недели се појавија шпекулации за тоа каде ќе ја продолжи кариерата.

Неодамна се шпекулираше дека тој дури би можел да остане во Италија и да го носи дресот на Аталанта, но се чини дека нема ништо од тоа.

Хрватскиот напаѓач се чини дека реши да заработи пари во подоцнежните години на игра, и сигурно Катар е најдобрата можност да го стори тоа.

Тој пристигна во Јувентус во 2015 година од Атлетико Мадрид, а играше и за Баерн Минхен, Волфсбург, Динамо Загреб, НК Загреб, Марсонија … Манџукиќ запиша 89 настапи за хрватската репрезентација и постигна 33 гола.