ФУДБАЛ

Новиот клуб на Мемфис Депај е вистинско изненадување

Барселона на крајот од преодниот рок мора да се ослободи од неколку играчи за да го растерети буџетот.

 

Дека Депај е вишок во Барселона стана јасно кога Роберт Левандовски ја презеде својата „деветка“, а со тоа на Холанѓанецот му беше кажано да бара нов клуб.

 

Претходно, претседателот на Барселона, Жоан Лапорта зборуваше за случајот со „одземањето“ на дресот со број девет на Депај.

“Левандовски и број 9? Тоа беше одлука на клубот. Се е во интерес на клубот и публиката. Затоа ја донесовме оваа одлука. Го почитуваме Мемфис, а тој целосно ја сфати нашата одлука”, изјави Лапорта.

 

Ако им се верува на извештаите од Италија, Депај кариерата ќе ја продолжи во Јувентус на кој му треба засилување во фазата на напад.

 

Генералка пред новата сезона и убедливиот пораз од Атлетико (0:4) и бројните повреди покажаа дека Старата дама е многу ранлива.

Во претходните недели Старата дама беше ладна за доведување на Холанѓанецот, но сега ситуацијата е променета бидејќи се подготвени да го раскинат договорот со 28-годишниот фудбалер на Ноу Камп.

 

Депај има плата од 5 милиони евра, што е прифатлива бројка за Јуве кој не успеа да ги доведе Алваро Мората и Марко Арнаутовиќ.

 

Холанѓанецот на Ноу Камп пристигна бесплатно. Тој постигна солидни 13 гола на 36 натпревари, но бројните промени во ростерот летово го направија вишок.

 

Од великаните Депај претходно настапуваше за Манчестер Јунајтед, а впечаток е дека својот најдобар фудбал го одигра во Лион и ПСВ.