ФУДБАЛ

Новиот менаџер на Тотенхем знае што ќе се случи со Кејн

Нуно Еспирито Санто неодамна беше назначен за нов менаџер на Тотенхем.

Португалецот штотуку пристигна во Лондон, но тој е убеден дека капитенот на клубот и најдобар стрелец Хари Кејн ќе остане и следната сезона, иако самиот играч претходно побара од управата да го пушти во друг клуб.

Клубовите од Манчестер покажаа интерес за англискиот репрезентативец, но се поизвесно е дека Кејн ќе остане член на Спарс.

Сопственикот на Тотенхем, Дајел Леви е подготвен да го пушти за 150 милиони фунти, но никој не размислува ниту да испрати таква понуда на адресата на лондонскиот клуб.

Новиот менаџер на Тотенхем уверува дека Кејн ќе остане и наводно добил таква гаранција од Леви.

Кејн во моментов е на национална должност на ЕУРО и во сабота во полуфиналето ќе игра за Англија против Украина.