Раководството на Јувентус се откажа од намерата да го привлече Душан Влаховиќ од Фиорентина преку јануарскиот преоден рок, соопштуваат од Италија.
Новиот извршен директор на клубот – Маурицио Аривабене, одлучи да ги намали скапите набавки во клубот. „Старата дама“ мора внимателно да дејствува во претстојниот преоден рок, со оглед на сложената ситуација околу Ковид-19 и економските последици.
Аривабене е против привлекување играчи како Душан Влаховиќ и Антонио Скамака.