ФУДБАЛ

„Новиот стадион на Милан и Интер ќе остане во градот“

Во Милано се води дебата каде ќе биде сместен новиот стадион на Милан и Интер. Сепак, градоначалникот на најголемиот град во Ломбардија, Бепе Сала, уверува дека нема да го премести стадионот надвор од градот.

Иако во последните недели се појави како реална можност стадионот да се пресели во Сесто Сан Џовани, Сала е силно против оваа идеја.

„Работам на тоа да го задржам новиот стадион во градот, а не да одам во Сесто Сан Џовани, каде што веќе има познат клуб – Про Сесто. Веќе одобривме три решенија и имаме се за да започнеме јавна расправа. На крајот, одлуката ќе ја донесе градскиот совет, имајќи ги предвид интересите на граѓаните на прво место“ – рече Сала.

ПОВРЗАНО

Енис Барди