ФУДБАЛ

Новиот тренер на Барса пристигна, кое е првото засилување?

Новиот тренер на Барселона го одработе првиот тренинг, познат е по офанзивниот фудбал, а се спомнуваат и кои се неговите желби. Како што пишуваат шпанските медиуми, првото засилување на новиот тренер ќе биде Фабијан Руиз од Наполи.

Овој фудбалер настапуваше во Реал Бетис кога тренер беше Сетијен.  Токму тој е тренерот кој минатата сезона го стопираше неговиот трансфер во Барселона. Сега тој инсистира на Фабијан Руиз.