ФУДБАЛ

Новиот тренер на Барселона наводно, ќе биде именуван во декември

Марсело Галардо ќе биде прогласен за тренер на Барселона следниот месец, според спортскиот аналитичар Клаудио Борги.

Притисокот врз сегашниот тренер на Барселона, Ернесто Валвердес, постојано се зголемува по лошите настапи на неговиот тим претходно оваа сезона, така што неговото разрешување би можело да се случи многу наскоро.

Борги, победникот на Светскиот куп во 1986 година со Аргентина и сега телевизиски аналитичар, изјави дека Галардо, сегашниот тренер на Ривер Плата, ќе биде назначен за тренер на каталонскиот клуб во декември.

„Галардо ќе биде тренер на Барселона во декември. Тој е еден од најдобрите тренери во светот“, рече Борги.

„Претседателот на Ривер Плата, Родолфо Д’Онофрио, рече дека може да го напушти клубот само ако си даде оставка, но знам од сигурен извор дека ќе се пресели во Барса“, додаде тој.