ФУДБАЛ

Новиот тренер на ПСЖ дефинитивно отпиша четири, „тешки“ имиња на списокот

Кристоф Галтие (55) летово стана тренер на француски ПСЖ.

 

ПСЖ влезе во нова ера со доаѓањето на тренерот Кристоф Галтие, како и спортскиот директор Луис Кампос, а двајцата направија список на играчи кои повеќе не ги сакаат ова лето.

 

Мауро Икарди, Андер Ерера, Лајвин Курзава и Џорџинио Вајналдум се првите кои повеќе не влегуваат во пресметката на Галтие, а тренерот се надева дека клубот ќе ги продаде што е можно поскоро.

Освен нив, на списокот на пребегнати од ПСЖ се наоѓаат уште шест играчи за кои шеиците плаќаа импресивна сума низ годините.

 

Тука се Џулијан Дракслер, Ерик Јуниор Дина, Рафиња, Серхио Рико, Идриса Гује и Абду Диало.

 

Вкупно за сите овие играчи шампионот на Франција плати околу 180 милиони евра, но тие не се во плановите на Галтие за новата сезона.

 

Досега клубот го засилија Нуно Мендеш кој дојде од Спортинг за 38 милиони евра и Витињо кој беше платен 41,5 милиони евра во Порто.