ФУДБАЛ

Ново чудо на фудбалскиот предатор!

Иако неговото враќање на терените не беше планирано пред 2022 година, фудбалскиот предатор се погрижи за ново чудо.

Ерлинг Халанд значително ги забрза работите и со нагло закрепнување се врати на теренот на мечот против Волфсбург и тоа го направи постигнувајќи гол.

Сите навестуваат дека „убиецот“ од Норвешка ќе биде подготвен за дербито од првиот дел од полусезоната во Бундес лигата меѓу Борусија и Баерн.

Најзаслужен за чудото на Халанд е биомеханичарот и физиотерапевт Џон Хадад, кој работеше со младата ѕвезда во последните денови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John “The Fix” Haddad (@jhhaddad)

Халанд имаше проблеми со колкот, но Хадад се погрижи да се врати на теренот по пауза од 41 дена. Работеле по осум часа на ден, прво во Марбела, а потоа во Дортмун, па трудот се исплател.

„Никогаш во животот не сум работел со толку вреден и посветен спортист“, изјави Хадад за германски Sport1.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John “The Fix” Haddad (@jhhaddad)


Хадад користи компјутер за да го анализира телото на спортистот и на тој начин успева да ги забележи сите непријатности што се случуваат и да ги отстрани.

На овој начин ги оптимизира перформансите, ги забрзува роковите и што е најважно, спречува повреди во иднина да се повторуваат.

Халанд повторно е подготвен благодарение на него и е подготвен да им зададе главоболки на противничките одбрани. Неговата следна цел е Баерн.