Новогодишна честитка во глоба од 750 евра казна за прослава на роденден со пиротехника пристигнала на адресата на тетовска Шкендија.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ѝ изрече казна на тетовска Шкендија, поради навивачите на клубот кои славеа 25 роденден и го одбележаа со пиротехника.
Казната се однесува за натпреварот против Ренова, кој се одигра во Тетово во рамки на 17. коло од Првата македонска фудбалска лига.