Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед денеска им ги продолжи договорите на четворица играчи – Маркус Рашфорд, Диого Далот, Лук Шо и Фред.
На сите овие играчи им истекуваше договорот на крајот на сезоната и сите четворица ја продолжија соработката со Јунајтед до 2024 година.
„Среќни сме затоа што тимот оди во вистинската насока, а овие играчи дадоа голем придонес во тоа. Сакаме да продолжиме да се развиваме, да ги поддржуваме овие играчи бидејќи сакаме да ги задржиме во тој процес“, рече тренерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг.
Напаѓачот Маркус Рашфорд влезе во академијата на Јунајтед и беше дел од репрезентацијата на Англија која стигна до четвртфиналето на Светското првенство во Катар овој месец.
Португалскиот десен бек Далот пристигна на „Олд Трафорд“ во 2018 година, англискиот лев бек Шо четири години претходно, додека бразилскиот играч за врска Фред, кој во март наполни 30 години, го напушти Шахтјор Доњецк пред четири години.
Тимот на Тен Хаг го продолжува натпреварувањето во Премиер лигата во вторник кога го пречекува Нотингем Форест.