ФУДБАЛ

Новогодишниот подарок на Арсенал доаѓа од Бундеслигата

На последните неколку натпревари работите се подобрија за Арсенал бидејќи Топџиите врзаа три последователни победи.

Арсенал бара засилување во офанзивниот дел од тимот како поддршка за Пјер-Емерик Обамејанг, Александре Лаказет, Вилијан и феноменалниот Букају Саку.

Новогодишен подарок за северен Лондон може да дојде од Бундеслигата, поточно од Борусија Дортмунд.

Имено, Арсенал сака да го доведе Џулаин Брант во своите редови, а според досегашните информации сите страни се заинтересирани овој трансфер да го комплетираат во јануари.

Германскиот репрезентативец има скромен учинок од еден гол и асистенција оваа сезона. Тој пристигна во Дортмунд летото 2019 година од Баер Леверкузен за 25 милиони евра.

ПОВРЗАНО

Бундеслига