ФУДБАЛ

Новото засилување на Челзи: Неговиот агент вети дека ќе му се приклучи на Реал во јуни, но работите не одеа според планот

Како што пренесува стручњакот за трансфери Фабрицио Романо, голманот Габриел Слонина (18) денеска би требало да оди на лекарски преглед во Лондон.

Американецот моментално се уште игра во својата татковина за Чикаго Фајр ФК и таму ќе ја заврши тековната сезона, а потоа би требало да им се приклучи на сините на почетокот на 2023 година, односно пред почетокот на вториот дел од сезоната во Премиер лигата.

Слонина важи за огромен голмански талент. На Стемфорд Бриџ треба да порасне во сенката на Едуард Менди (30) и да ја подгрее конкуренцијата.

Доаѓањето на американскиот голман ќе значи и заминување на Кепа Аризабалага (27). Шпанецот пред четири години од Атлетик се пресели во Челзи за неверојатни 80 милиони евра, но имаше многу грешки и наместо да се претвори во најдобар голман на светот, тој целосно падна во втор план и со текот на времето испадна од форма.

Што се однесува до Слонина, за него Челзи на Чикаго ќе му плати 18 милиони евра. Неговиот агент Хамес Гарсија на почетокот на јуни навести трансфер во Реал Мадрид.

„Со должна почит кон другите клубови и другите понуди, не можете да му кажете не на Реал Мадрид“, најави тогаш неговиот агент Хајем Гарсија, но се чини дека од Мадрид не стигна вистинска понуда, па Американецот заврши во Челзи.

По Рахим Стерлинг (27) кој дојде од Манчестер Сити и Калиду Кулибали (31) кој дојде од Наполи, тој е третото засилување во Челзи.

Избраниците на Томас Тухел ќе ја започнат новата сезона следната сабота (18.30 ч.) со гостување кај Евертон.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига