Милан успешно ја заврши мисијата да го убеди 20-годишниот десен бек Пјер Калулу да дојде на Сан Сиро, за што веќе се пишуваше.
Талентираниот француски дефанзивец не потпиша нов договор со Лион, па тој ќе пристигне во Милано како слободен агент.
Милан реши да му понуди на 20-годишниот Калулу доволно добар договор за да го „присили“ да го напушти матичниот клуб, а „росонерите“ ќе треба само да му платат на Лион само надокнада за тенинрање.
Џанлука Ди Марцио, италијанскиот „трансфер гуру“, пишува дека Калулу ќе ги помине лекарските прегледи потребни за да се изврши трансферот во Милан утре.
Трансферот на Калулу, ако навистина се реализира, ќе биде тежок удар за спортскиот директор на Лион, Жунињо, кој помина многу време обидувајќи се да го убеди талентираниот дефанзивец да остане во Франција со ветувања за место во првиот тим следната сезона.
Жунињо дури и му кажа на Калулу дека клубот планира да ги продаде Рафаел и Тета за да има доволно простор за него во тимот.
Патем, Баерн беше заинтересиран и за Калулу, но Паоло Малдини направи одлична работа и успеа да го привлече младиот фудбалер во „Сан Сиро“.
Пјер Калулу, иако првенствено е десен бек, може да ги покрие сите позиции во задниот ред.