ФУДБАЛ

Нозете на Роналдо изгледаат како да заврши Тур де Франс (ФОТО)

Некои дефанзивци кои ќе го чуваат Крситијан Роналдо кога ќе продолжи Серија А, дури и не мислат дека Португалецот нема да биде во топ форма по изолацијата.

Роналдо исто како и другите играчи во Серија А, е ставен во карантин веќе неколку недели, но тоа не се забележува во неговото тело.

Се чини дека Португалецот е поподготвен од кога било, за што сведочат бројните фотографии што ги објавува деновиве на Инстаграм.

Една во низа е онаа од пред три дена каде напаѓачот на Старата дама ги покажа силни нозе. Тој беше познат по тоа, но се чини дека тој сега ги засили мускулите на нозете и дека нозете се поподготвени од кога и да било за она што го очекува Роналдо во наредниот период.

Во изминатите денови и недели, тој редовно ги известуваше своите следбеници на Инстаграм со бројни фотографии и видеа дека напорно тренира и дека дефинитивно ќе биде подготвен да ја продолжи сезоната.

Иако има околу 35 години, Португалецот е сè уште полн со мотиви, што секако го радува секој љубител на фудбалот.

Треба да се потсетиме дека Италијанците не играат повеќе од еден месец, а тренинзите треба да се вратат на почетокот на мај. Тоа значи дека можеме да ја очекуваме Серија А на малите екрани.

https://www.instagram.com/p/B_Ni1bEAHYZ/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНО

Серија А